БЕЈТА ДО ГРУЕВСКИ: АКО БЕШЕ ДОБАР ПОЛИТИЧАР, ЗОШТО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА?

1154c102f2c0fa5f8e7ae4012b1cb0ed_l
„Ако Груевски е добар политичар, тогаш зошто поднесе оставка?“, прашува Невзат Бејта од ДУИ, за тв21. На овој начин вториот човек во ДУИ, Невзат Бејта му одговара на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски кој во своето последно интервју одвои неколку реда упатени токму кон него. „Кога бев дел од владиниот кабинет имаше пофалби за проектите, не за него лично, вели денеска гостиварскиот градоначалник, додавајќи дека ДУИ И ДПМНЕ се партии со сосема различни идеологии и покрај тоа што заедно владееја 9 години. Бејта има одговор и на тоа зошто Груевски во последно време често го спомнува неговото име. Во вчерашното интервју на Груевски за весникот Дневник, тој вели дека Бејта во неколку наврати ја фалел работата на екс-премиерот. Но неодамна во дебатна емисија на ТВ21 гостиварскиот градоначалник рече дека ниту една партија на Албанците во Македонија не сака да коалицијра со Никола Груевски. Бесиан Лека

ВИДЕО