Search
среда 20 септември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Драма се случувала синоќа во Куманово: Му излегле пред автомобил и го претепале со шипки тешко дека и овој напад МВР ќе го расчисти

loading...

Дваесет и тригодишен кумановец, ноќеска во 01 часот и 35 минути по полноќ бил нападнат од неколку непознати маскирани лица во неговиот автомобил, соопшти МВР.

Нападот се случил на улицата „Перо Чичо“ во близина на кумановската гимназија, каде што бил паркиран автомобилот „ауди“ на 23-годишниот Б.С. од Куманово.

Непознатите маскирани лица со шипки го искшиле задното ветробранско стакло на возилото и го нападнале момчето кое се здобило со тешки телесни повреди и скршеници.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

loading...