Search
сабота 21 октомври 2017
  • :
  • :

И фотељашов дигна глас: Ламбе Арнаудов ги нападна социјалдемократите : Изроди низаедни!

loading...

lambe-arnaudov

Ви пренесуваме дел од текстот на Ламбе Арнаудов за порталот Актуелно

Деновиве една група политички бездомници кои ВМРО патолошки го мразат, социјалдемократијата воопшто не ја разбираат, себеси до небеса се воздигнуваат, нарцисоидно сами себе се обожуваат, а ништо друго не признаваат, повторно се повампирија, веројатно напалени и расрдени од резултатите на последните избори, масовно и бесрамно повикуваат со невиден гнев, омраза и отров во себе да се уништи се што е ВМРО, а при тоа сами одредувајќи ги критериумите за тоа кој да биде ликвидиран. Еден од нив отиде до таму што дури и побара сите што гласале, околу половина милион негови сограѓани, да бидат интернирани заради доброто на останатите граѓани на Македонија. До сега не сум слушнал појасен повик за геноцид кон сопствениот народ, а некаде дури и ја забележав формулата за остварување на нивните мрачни цели: дељубчовизација + дегруевизација = девмровизација
Е па, изроди низаедни, за да не ве споредам со трубачот кукавица, заробен во една од Пунските војни, кој понизно, мизерно се молел за сопствениот живот. Тој запрашан што правел за време на битката одговорил: – „Јас воопшто не се борев, само трубев.“ – „А значи така, ти не се бореше, а твоите другари ги праќаше во смрт.“ , по што бил веднаш погубен. Ајде, докажете се дека не сте трубачи, почнете со својот монструозен план.

Од кого ќе почнете? Од мене, од твоите пријатели, од моите и твои роднини, заеднички познаници? Од кого? Од студенти, војници, полицајци, земјоделци, занаетчии, работници, доктори, медицински сестри, самохрани мајки, деца без родители? Од кого? Од учители, наставници, актери, професори, академици, сиромаси, богати, судии, затвореници? Ајде, кажете од кого ќе почнете и како ќе го остварите тој мрачен план, план за уништување на родот свој благословен. По се изгледа ова и не е целиот ваш црн список.

Сега ве прашувам како ќе го направите тоа, зарем сте слепи колку е длабок темелот? На каква цврста камена основа е поставен. Од каков материјал, тврд, сјаен, нерѓосувачки, непотрошен е направена тврдината на која вие безглаво сте кинисале. Свесни ли сте кои се компонентите што се нераскинливо поврзани едни со други и каков е материјалот на сврзните ткива и шрафови кои нив ги поврзуваат. Како ќе демонтирате нешто во чие создавање не сте допринеле. За вас ВМРО е санта мраз, гледаш само една дванаесеттина, единаесет дванаесеттини се под вода. И само ако малце се обидеш да ѕирнеш, ќе се удавиш.

Симбиозата која ја спомнав погоре е трајна и вечна. Вашата мизерна симбиоза создадена од најпримитивните едноклеточни животни, трубач-кукавица и изрод петтоколонашки не може да и наштети, но пожелно е како вирус веднаш да бидете ставени во карантин за да не инфицирате некои околу себе и да ги земете на душа.
Сега сакам да Ви се обратам и Вам, моите почитувани сопартијци „спартанци“. Независно дали сте сити или прегладнети Вие изградивте врвни критериуми, принципи и правила со кои достигнавте дострели за кои некои можат само да сонуваат. Тоа Ве прави посебни од другите. Вам Ве почитуваат и со Вас се гордеат и оние што Ве сакаат и оние неутралните, а и оние што Ве мразат. Целиот наш заеднички партиско-политички живот, на чело со нашиот лидер е обележан со лавот како печат. Тоа е нашиот крст, нашиот камен, чувар и симбол на нашата идеологија, нашата храброст, нашата истрајност, нашата лојалност. Тоа сите го знаат освен неколкумина кои никогаш не биле наши и заради тоа што не можат да бидат како нас, го сметаат за знак на предавство.

Сега имаме една парадоксална ситуација, истите тие кои со години заради лавот се потсмеваат со нас и не омаловажуваат, се дрзнаа меѓу Вас, крдото на лавови, да пронајдат и некоја овца. Кажете им дека ние со овците сме расчистиле. Никогаш во крдо лавови не барајте овца. И ако има некоја овца маскирана во лав брзо ќе ја препознаете. Знаете како? Ќе ви кажам. Долго време погрешно се мислеше, дека овцата е најглупаво животно затоа што два пати годишно ја стрижеле. Ако глупоста се огледаше во стрижењето тогаш без конкуренција најглупавото суштество ќе беше човекот кој барем дванаесет пати годишно се стрижи. За среќа не е така. Заблудата одамна е разбиена. Овцата ти била најглупаво животно затоа што при секоја опасност по својот живот, слепо и безглаво се фрла во прегратките на својот непријател. Затоа ве молам драги мои сопартијци отворете ги очите.

Бурето почна да се тркала, тоа се движи некогаш напред, некогаш назад. Секако некаде ќе застане. Ваша е честа, пред било каде тоа да го направи, да го изгаснете фитилот.
Авторот на текстот е вмровец. Потенцијална жртва на девмровизацијата? Кога ќе си го видам тилот!

loading...
Loading...
loading...