Најнови Вести

ЈИХА СЕ ПРОСТУВА ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА?!

loading...

6d79a58003c5e391e5e262f9f526cad8_l

Најдобриот чешки ракометар во последните десетина години Филип Јиха ќе настапи утре против Македонија во натпреварот што најверојатно ќе биде и последен за одличниот бек во неговата репрезентативна кариера. Јиха поради различни повреди во последните неколку години не го носеше дресот на националниот тим, а овојпат реши да помогне во обид Чесите да им се одмаздат на нашите репрезентативци за елиминацијата. Мотив повеќе за него е што мечот се игра во Плзен, родниот град на Јиха, кој и самиот најави дека мечот со Македонија има големи шанси да значи и негово збогување од репрезентацијата.

Им ветив на селекторите дека ако сум здрав ќе дојдам да помогнам и стојам зад дадениот збор. Имам болка во коленото по дуелот со Исланд, но во секој случај очекувам да играм против Македонија, во Плзен, градот каде ги имав првите ракометни чекори. Дали тоа ќе биде последниот натпревар за мене во репрезентативниот дрес… можно е, не сакам сега да говорам на таа тема. Факт е дека не сум истиот играч од пред три четири години, кога бев лидер на оваа репрезентација, но ме радува како се развива националната селекција, која ја одликува огромна борбеност. Се надевам дека таквиот пристап ќе ни донесе победа и на следниот меч, по несреќниот дуел на стартот на квалификациите против Исланд“ – изјави Јиха.

Чесите денеска ги пуштија во продажба и последните 100 билети за утрешниот натпревар, на кој Македонија ќе има поддршка од околу 100 фанови кои допатуваа од Скопје за да ги бодрат избраниците на Лино Червар.

loading...