Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

Како да ги најдете и блокирате сите рекламни компании кои ве следат на Фејсбук

Фејсбук е одлична заедница доколку сакате да останете во контакт со пријателите и семејството, да споделувате фотографии, и да гледате со што се занимаваат останатите луѓе во своите животи.

Сето ова е бесплатно, но секако, тоа не значи дека за негово користење дека не треба да се плати одредена цена. Доколку го користите Фејсбук, вие на оваа компанија и давате еден тон информации за себе кои тие подоцна ги продаваат на рекламаторите на еден или на друг начин.

Повеќето луѓе забораваат дека со самото преземање на една апликација или со најавувањето на некоја интернет страна користејќи го Фејсбук профилот, тие им даваат можност на овие компании да погледнат во нивниот фејсбук профил. Вашиот фејсбук профил содржи голем број на лични информации кои многу често можат да го вклучуваат емаил адресата или телефонскиот број, исто како и историјатот на работни места и локацијата каде се наоѓате.

Рекламаторите, фејсбук секторот задолжен за развој на апликацијата и соработниците на фејсбук не добиваат директен приказ на вашите лични информации. Тие нема да видат доколку вашето име е Џим или Елена, дека вашиот борј на телефон е 07ХХХХХХХ, дека сте маж или дека работите во некоја бизнис фирма, фејсбук молчеливо и анонимно ги чува сите податоци со цел да ја зачува приватноста на корисниците, но ги предава истите кај своите партнери на големо со цел тие да не можат да идентификуваат индивидуи, но сепак истите информации се користат во сервис на рекламите таргет групации.

Доколиу сте загрижени за вашата приватност на фејсбук ви преостануваат две работи кои можете да ги направите:

Разгледајте ја листата на компании со вакви апликации кои се приклучени на вашиот фејсбук акаунт, и едитирајте ја таа листа.

Вториот чекор, кој ви покажува колку многу информации им давате на овие компании а за кои веројатно и сте заборавиле, може да биде алармантно доколу не сте го направиле од поодамна.

Прво ќе се справиме со рекламното следење, бидејќи тоа е најлесно.

Може да се утешите малку со знаење дека рекламите што се насочени кон вас доаѓаат анонимно и групно за сите кои на некој начин се слични со вас. Тие не се насочени индивидуално кон вас иако понекогаш може да ви изгледа така.

1.Кликнете на долната стрелка на горниот десен агол на вашата Фејсбук страна.

facebook-screengrab.png

2.Одете во „Settings“

facebook-screengrab-0.png

3. Притиснете на Аds копчето

facebook-screengrab-1.png

4.На секоја секција од Ads, притиснете го edit копчето.

facebook-screengrab-2.png

5.Во внатрешноста на edit менито, ќе ви се покаже како вашата фејбук идентификација се користи во рекламите кои другите лица можат да ги гледаат. Во овој хипотетички пример, моите пријатели очигледно гледаат реклама за суши ресторан што изгледа дека јас сум го прифатила. (рекламата е поттикната од фактот дека јас сум го сакал ресторанот во минатото)

facebook-screengrab-3.png

6. Ова е лесно решливо со промена на опцијата во „никој“ (no one) и притискање на копчето за зачувување на промените (save changes). Сето ова направете го под секоја „edit“ секција.

facebook-screengrab-4.png

7. Сега во врска со апликациите. Тоа бара малку повеќе „копање“. Одете на симболот за заклучување на горниот десен агол од вашата фејсбук страна.

facebook-screengrab-5.png

8. Фејсбук го нуди овој водич преку малиот син диносаурус.

facebook-screengrab-6.png

9.Но ние ви препорачуваме подлабок пристап во подесувањето на опциите.

facebook-screengrab-7.png

10. Кога еднаш ќе влезете во опциите „settings“, одете во апликации (apps).

facebook-screengrab-8.png

11.Ова е по малку шокантно, листата на рекламни компании кои ги следат нашите информации на фејсбук. Наводно јас сум дозволил пристап до мојот фејсбук профил на 54 апликации. Не заборавајте да кликнете на покажи ги сите (show all) копчето со цел да ја добиете целосната листа.

facebook-screengrab-9.png

12. Донесете го маусот над една од апликациите. Имате избор. Можете да ја промените дозволата за пристап или да ја избришете компанијата целосно.

facebook-screengrab-11.png

13.На пример TripAdvisor ги знае мојот маил, мојата возраст, и чудно мојата историја на работни места.

facebook-screengrab-12.png

14.TripAdvisor исто така копа низ историтјатот на рабодни места на моите пријатели и се останато во врска со нив.

facebook-screengrab-13.png

15. Сега листајте надолу низ settings > apps секциите. Вие имате повеќе опции – но ние ви ги означивме најзначајните. Може да го користите Фејсбукот за играње на игри анонимно, но ние ви препорачуваме исто така да го кликнете и копчето Apps Others Use.

facebook-screengrab-14.png

16. Во внатрешноста на Apps Others Use можете да ги видите податоците кои им ги дозволувате на вашите пријатели да ги гледаат, и тие податоци се оние кои можат да ги следат и апликациите кои ги користат вашите пријатели.

facebook-screengrab-15.png

17. Отштиклирајте ги овие копчиња доколку сакате да ги зачувате тие работи како приватни.