Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

Колкава плата зема Г.Г.Стефан?

Живот обвиен со мистичност и со теории на заговор. Овие неколку зборови, на вистински начин го опишуваат животот на црковните веледостојници, кои како змија нозе ги кријат платите и пензиите што ги земаат. Според информациите до кои дојде „Фокус“, поглаварот Стефан зема месечна плата од околу 3.000 евра, додека другите владици земаат плати околу 2.000 евра. Тука се вклучени редовната плата за митрополитските обврски и хонорарите што легнуваат на сметка на митрополитите.

 

Сепак, во црковните кругови се шпекулира дека платата на архиепископот е многу повисока!

 

 

За него јавно не се знае ништо. Иако не е заветен на молчење, тој дефинитивно молчи како риба. За архиепископот Стефан јавно не се знае ниту колкава плата има, ниту што заработил додека е на оваа функција. Тој стана поглавар на свои 44 години и за него нема да важат законите на државата, па ќе остане на тронот и кога ќе наполни 64 години. Ниту тој, ниту неговите колеги не поднесуваат анкетен лист за имотната состојба. Јавноста малку знае за нивниот живот, а уште помалку за нивните приходи и пари. Иако го дале заветот на сиромаштвото, кога се замонашиле, митрополитите во сите епархии се стотици пати побогати од починатиот бугарски патријарх Максим, кој земал месечна плата од 340 евра и ја подарувал во софискиот дом за хендикепирани деца. Кога починал, тој како единствен имот поседувал стар часовник и машина за пишување. Бугарскиот патријарх немал лична сметка во банка, ниту автомобил, станови, вили или земја. На располагање имал автомобил „мерцедес“, стар 21 година. Со слична имотна состојба располагал и починатиот поранешен српски патријарх Павле, кој, меѓу другото, редовно користел градски превоз или одел пеш.