Search
сабота 19 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Куманово не „помина“, на ред е Тетово !

loading...

Куманово не „помина“, на ред е Тетово !

„Наредбата за приведување на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ и за претрес во неговиот дом е издадена од Основното јавно обвинителство, а полицијата во случајов е повикана да асистира“, изјавуваат за „Актуелно“ официјални лица од Министерството за внатрешни работи.

Кој и зошто ја издал наредбата тие не ни кажаа, затоа што, како што напоменаа, во случајов се било во рацете на Обвинителството.

Неофицијално, дознаваме од извори од полицијата, вооружени полициски сили се упатиле и во други градови и дека, исто како што се случи во Куманово, и таму „ќе има нешто“.

Според нашите сознанија, акции за „претрес“ и приведување за наводна вмешаност во криминал ќе има во Штип, Кочани и во Тетово. Најверојатно акциите во Штип и во Кочани се за дефокусирање на вниманието на јавноста, а дека акцент се става на Тетово.

Соговорниците се децидни, Куманово и Тетово не се случајно најдени „на тапет“.

Во овие два града, велат, се кршат копјата за донесување предност на опозициските партии во македонскиот и албанскиот блок.

loading...