Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

Марка: Роналдо му кажа „НЕ“ на Скопје, протестира за скапиот смештај во Мериот

Шпанска „Марка“ открива дека најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо нема да настапи на европскиот Суперкуп против Манчестер Јунајтед, кој оваа година ќе се одржи на „Телеком арена“ во Скопје.

Португалецот ќе ги одржи првите медицински прегледи наредната недела во Мадрид, а Зинедин Зидан сигурно ќе може да смета за првиот меч против Барселона во шпанскиот Суперкуп на „Камп Ноу“ на 13 август.

Францускиот тренер сакаше да му даде еден месец одмор на својот најдобар фудбалер, а тој ќе им се приклучи на своите соиграчи откако ќе се вратат од турнејата во САД.

Поради тоа, Роналдо олучил да му каже „не“ на Скопје и европскиот Суперкуп во Македонија против својата поранешна екипа. Токму со таа титула ќе започне предизвикот на „кралевите“ да стигнат до максимални шест трофеи во новата сезона.

Првите две „Ел Класика“ ќе бидат одличен тест за физичката подготвеност на Кристијано во пресрет на новата сезона, во која Реал ги брани титулите во Примера и Лигата на шампионите.