Македонија

Мицкоски: Му се извинувам на народот за сите неправди од луѓе кои се товар на ВМРО-ДПМНЕ ВИДЕО

Македонија

Заболени
11,554
+155
Мртви
519
+2
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 02:56 (+02:00)

Ова ќе биде мој трет Илинден како претседател на најголемата политичка партија, да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник Втори август – Илинден во село Ташмаруништа, Струга.

– Ќе започнам со Ура! За “Афтономна Македонија”!- бидејќи тоа беа зборовите од Крушевскиот манифест кој е своевидното евангелие на македонското револуционерно дело.Тоа е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. И мене ми е особена чест што и оваа година сум во Струшко Ташмаруништа заедно да го одбележиме најсветлиот празник за Македонија. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава – рече Мицкоски.

Тој во денешното обраќање на прославата на Илинден ги нападна сите оние кои деновиве бараат одговорност од него за резултатот од изборите.

– Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Оние кое денес се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки појаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза – рече Мицкоски.

Според Мицкоски, станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се гнили, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме, истакна, се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker