Најнови Вести

НЕ Е КАКО НА ФИЛМОТ: Која е вистинската Зона Замфирова

loading...

Вистинската Зоне се викала Јевросима Кијаметовиќ и по неа се тепале сите мажи во Косово. Починала во Белград за време на Првата светска војна

zone_sred

Веројатно не постои некој што не го гледал филмот „Зона Замфирова“ каде што убавата Зоне се заљубува и бега со Мане. Дејството на овој филм се одвива со Јужна Србија на крајот на 19 век, но сигурно не знаете дека оригиналната приказна за Зоне е поинаква и се одвива во Приштина.

Вистинската Зоне се викала Јевросима Кијаметовиќ и по неа се тепале сите мажи на Косово. Починала во Белград за време на Првата светска војна.

Кога наполнила 16 година, низ Приштина се шетала со шалвари, а образите ѝ биле румени. Сите момчиња се загледувале во неа, но таа го бендисала Максим, синот на Коста Гапиќ кој бил кујунџија.

Секоја вечер кога Максим ќе поминувал покрај нејзината куќа, таа стоела на прозорецот и го гледала. Но нивната љубов била прекината поради кавгата на нивните родители, Аџи Замфир, таткото на Зоне и Коста, таткото на Максим.

Во првиот дел на филмот Зоне ја глумеше прекрасната Катарина Радивојевиќ, а овој месец треба да биде и премиерата на вториот дел во кој ќе глумат Милан Васиќ и Бранкица Себастијановиќ.

loading...