Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци му одговори на Јанчев: Партијата не е на распродажба, Мицкоски е легитимен лидер кој победи во 42 општини

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев на својот Фејсбук профил напиша статус

Македонија

Заболени
11,554
+155
Мртви
519
+2
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 01:41 (+02:00)

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци му одговори на Јанчев: Партијата не е на распродажба, Мицкоски е легитимен лидер кој победи во 42 општини

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев на својот Фејсбук профил напиша статус во кој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за зачувување на македонските национални интереси, продолжување и шириње идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Тој исто така напиша дека партијата не е на распродажба.
Во продолжение може да го прочитате целосниот статус.

Исто така и потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Слободан Ивановски, сподели статус на својата Фејсбук страница во кој истакнува дека брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ќе си ги задоволат своите лични интереси.

Сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков, напиша тој.

Целосниот статус може да го прочитате во продолжение.

ВМРО ДПМНЕ е историја,континуитет и концепт. Ние сме генерација на политичари кои ја имаме честа но и одговорноста да се бориме за зачувување на македонските национални интереси и да ја продолжиме и шириме идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Во нашата борба имавме, а и сеуште имаме илјадници поддржувачи на нашата визија за подобар живот, почитувајќи го минатото и борејќи се за посветла иднина на нашите идни поколенија. Жал ми е што нашата идеја во текот на изминатиот период, одредени структури кој преку злоупотреба на предзнакот ВМРО станаа препознатливи во јавниот и општествен живот со ништо не допринесоа во нашата борба против најголемото зло во современа Македонија, наречена СДСМ и Зоран Заев. Напротив мошне вешто и подмукло одработија за нивните политички ментори Заев – Мијалков. Затоа во предвечерието на најголемиот Македонски празник Илинден на сите оние кои се обидуваат на брутален начин да наштетат на најголемата политичка партија во Македонија сакам да им порачам:ВМРО ДПМНЕ не е на распродажба, Христијан Мицкоски е легитимен лидер кој на овие избори победи во 42 општини во Македонија.
П. С. Човек кој еднаш ја продал душата на ѓаволот, цел живот ќе биде одроден од својот род и ќе биде слуга на демоните.
Честит 117 Илинден.
Да живее Република Македонија! Да е вечно ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски !

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, и својата политика ја темели исклучиво на волјата и интересите на граѓаните. Брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ги си ги задоволат своите лични интереси. Но сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков. Сакам искрено да им порачам на сите оние кои во изминатиов период се тргаа настрана и немо премолчуваа за сите неправди извршени кон македонскиот народ : ниту ВМРО е акционерско друштво, ниту членовите се брокери. Пред 30 месеци членството преку делегатите го изгласа проф. д-р Христијан Мицковски на конгресот во Валандово за легитимен лидер на ВМРО-ДПМНЕ. За сиве овие години стоев рамо до рамо до него, бидејќи бев убеден дека тоа е вистинската личност за ВМРО и за Македонија. Во истото сум убеден и денес !
П.С.
Вистината порано или подоцна секогаш победува!

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker