Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја окупираа говорницата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја окупираа собраниската говорница, откако координаторот на пратеничката група Илија Димовски побара пауза, а собранискиот спикер Талат Џафери не му одобри.

„Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор“, го обвини Димовски.

„Под овие услови не ви давам пауза, седнете си на местата“, му одговори Џафери.

Откако се смири тензијата во Собранието, Џафери даде пауза од еден час.

Фото: СДК.МК