Живот

Само Аца Лукас го откажа концертот: Среде пандемија концерти и фестивали на неколку локации во Охрид OДИМЕ НА ЖУРКААА

Македонија

Заболени
11,942
+103
Мртви
528
+1
Излечени
8,087
Активни
3,327
Last updated: 11/08/2020 - 02:41 (+02:00)

Среде пандемија од корона вирус неколку концерти на домашни и странски изведувачи ќе се одржат на разни локации низ Охрид. Единствено за сега е откажан настапот на српската фолк ѕвезда Аца Лукас, по бројните реакции во јавноста. Од пазарниот инспекторат во Охрид, не одговараат на телефонските повици за да појаснат кој ќе се грижи за безбедноста на посетителите, додека пак од СВР Охрид, велат дека досега кај нив не бил пријавен ниту еден концерт, објави Алсат.

Просторот на градскиот стадион ќе биде изнајмен и настаните ќе се одржат, само доколку се утврди дека продукцијата ги поседува сите капацитети за да може да го испочитува во целост Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата, велат од општина Охрид.

Дел од концертите треба да се одржат на Античкиот театар , други на градскиот стадион Биљанини извори. Додека од 12 до 14 август на просторот од некогашната касарна треба да се одржи и музички андерграунд фестивал. Ќе се користи само тревниот простор, на кој може да се соберат 12000 публика, но нема повеќе од 6000 тие да донесат, односно 50% од капацитетот“, смета Гордана Јованоска-директор на Биљанини извори.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker