Најнови Вести

Северна Кореја и влијанието на САД и економијата во тој дел од југоисточна Азија

loading...

Северна Кореја и влијанието на САД и економијата во тој дел од југоисточна Азија

Северна Кореја или службено Демократска Народна Република Кореја е суверена држава во југоисточна Азија. На запад излегува на Жолтото, а на исток на Јапонското море. Северната граница ја дели со НР Кина и Руската Федерација додека на југ се граничи со Јужна Кореја или официјално Република Кореја, заземајќи го така северниот дел на Корејскиот полуостров со површина од 120.540 km².

ДНР Кореја е една од етнички аспект најхомогена држава во Светот, бидејќи покрај Корејците чиј јазик е сроден со кинескиот во неа живеат мало кинеско и јапонско малцинство. Тоа е резултат на нејзината изолираност и непостоечки интерес за доселување од други држави. Нејзиното етничко население во последните 40 години се зголемило за речиси 100 %, па така во 1960 година имала околу 12 милиони, а денес има околу 23 милиони жители. Меѓутоа поради нискиот стандард просечниот животен век е 65 години, додека во Европските земји или Јапонија е од 70 до 80 години.

Додека САД се бореа наметнат поредок на Ирак заедно со режимот подреден на нејзините интереси, се појави закана од избивање на друга Светска криза со Северна Кореја. Во танакаречената “оска на злото” Северна Кореја е најопасниот член, која по најновите амеркански истражувања има развиено балистички ракети (со нуклеарни боеви глави) кои се со домет до 1.000 милји, а се доволни за да ја бомбардираат и целосно уништат сојузната држава Аљаска.
Таа исто како и Иран (за разлика од Ирак) не го исполни првиот од американските критериуми за стане легитимна мета – а тоа е да се биде беспомошен, која не се заканува толку со нуклеарното оружје колку со моќната артилерија во демилитаризаната зона насочена кон Сеул, и на десетици илјади американски војници кои се наоѓаат јужно веднаш до границата во Јужна Кореја.

Од сето ова произлегува дека доколку некој сака вистински да се одбрани од САД и сојузниците тогаш најпаметно е исто да се однесува како и Северна Кореја, а тоа е да наметнува сериозна воена закана. Но, исто така таа не е погодна мета за напад и од економски аспект, бидејќи е една од најбедните и најнеразвиените земји во Светот. Нејзиното значење произлегува пред се од геостратешката положба во североисточна Азија, чиј регион за Вашингтон е многу важен поради плановите за негова глобална доминација.

Североисточна Азија денеска е најбрзорастечкиот регион во Светот со речиси 30 % од светското производство, додека САД имаат само 19 %, а и половина од светската трговска размена се одвива таму – така на пример САД и Европа сега повеќе тргуваат со државите од тој регион отколку меѓусебно. Економската моќ на тој предел од Азија произлегува од тоа што таму се наоѓаат двете високоразвиени индустриски држави – Јапонија и Јужна Кореја, а НР Кина е во постојана економска и технолошка експанзија во последниве двеипол децении.

Источносибирската област на Руската Федерација се наоѓа во позадината на овие држави поради своите природни богатства со метални и неметални руди, гас и нафта е извор на суровини за стопанствата на овие земји.
Овој регион е економски е цврсто поврзан со јужните и југозападните делови од Азија, кои всушност претставуваат пазар за неговите производи. Поради тоа САД се загрижени дека овој економски интегриран регион во свероисточна Азија (нешто слично како Европа) може да оствари независна политика и со тоа да прерасне во Трета сила – како што е нарекувано во текот на Студената војна.

Исто така една од причините зошто двете Кореи се разделени е фактот дека ако се стават под иста капа тоа ќе биде нова регионална сила, што истовремено ќе им пречи на и на Јапонија и на НР Кина. Северот поседува нуклеарен арсенал и голема армија, а југот претставува технолошки и индутриски напредна земја. Ваквите околности би имале голем синергетски ефект.
Интересно би било и да се објасни како Корејците историски балансираат помеѓу трите големи и моќни цивилизации – Руската, Кинеската и Јапонската, но за тоа во друга пригода.

Политичките аналитичари препорачуваат САД да бараат дипломатско решение за прашањето на Северна Кореја, а тој процес многу внимателно започна уште во времето на Клинтоновата администрација која и гарантираше безбедност на Северна Кореја доколку се откаже од нуклеарното оружје, истовремено промовирајќи помирување и економска соработка меѓу двете држави на корејскиот полуостров.
По нивно мислење таквата поврзаност може да ги забрза економските реформи во Северна Кореја, кои со текот на времето ќе овозможат проширување на економската моќ, а таа драстично ќе ја ослабне тоталитарната политичка контрола во земјата.

Енергетската зависност има централно место во сите овие случувања. Од Втората Светска војна па наваму, САД настојуваат да ги контролираат енергетските ресурси пред се на Блискиот Исток како средство за контрола на Светот. Согледувајќи го тоа, Европа и брзорастечките Азиски држави настојуваат да стекнат сопствени енергетски реурси со кои ќе бидат ослободени од американската контрола.
Токму од ова произлегуваат поголемиот дел од кофликтите на Блискиот Исток и средна Азија, а САД долго време грубо реагираат на настојувањето на земјите од Третиот Свет за независен развој надвор од нивната планска регионална доминација.
Инвазијата на Ирак беше демонстрација на сила која требаше на Светот да му покаже дека САД доследно ќе ја применат својата доктрина и употреба на вооружените капацитети, за да се спречи било каков предизвик на нивната глобална доминација.

Евентуалниот вооружен судир во облик на превентивна интервенција може да ги вовлече САД и свероисточна Азија во долга и неизвесна војна. Инаку САД имаат околу 28.000 војници во Јужна Кореја и тие би биле врховни заповедници на здружените американско-јужнокорејски армии во случај на воен судир со Северна Кореја.

* Не смее да се заборави фактот дека Америкаците немаат никако во план да се вовлечат и решат за мошне ризична воена интервенција во Северна Кореја, тргнувајќи од нивните искуства од 50-тите години кога беа војнички поразени и набркани зад 38-мата паралела и тоа по тешки преговори со НР Кина и СССР, бидејќи тогаш завршија и војничките кариери на неколку истакнати американски Генерали од Втората Светска војна, меѓу кои и на Генералот Макартур Даглас.
Американците се обидуваа, се обидуваат и ќе се обидуваат да го срурат режимот од внатре со формулата “обединување на двете Кореи”, иако одвреме – навреме слушаме за погранични инциденти кои не се ништо друго освен покажување на мускули.

Фотографија на Gavrilo A. Miloshevski.

loading...