Search
среда 20 септември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

СИТЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО: Еве каде заминуваат

loading...

Младите кои заминале од Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија ќе се вратат назад само ако имаат шанса за вработување и градење на кариера.

Ова го покажа истражувањето кое од јули до август го спроведе Институтот за развој на млади КУЛТ.

Во истражувањето учествувале 750 млади од наведените земји на возраст од 15 до 35 години. Тие се веќе иселени или се во фаза да се иселат.

Најголем број млади се иселиле во Германија, Австрија, Шведска, Словенија, Обединето Кралство, Ирска, Франција, Шпанија, Холандија, Чешка.

Над 50% заминуваат самостојно, 30% со помош на роднини и пријатели, а 10% со помош на агенции.

Младите кои се иселиле одговориле дека тоа го направиле затоа што во нивните земји нема надеж за подобра иднина, а се незадоволни и од политичката ситуација.

loading...