Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

Сите летуваа на море, но не и Драгана Мирковиќ

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ ја користи паузата помеѓу летната и есенската турнеја да се одмори со семејството. Но, таа реши да не оди на море, туку на езерото Нојсидлер, кое се наоѓа на границата помеѓу Австрија и Унгарија. Овој кус одмор ќе ѝ дојде одлично пред концертот закажан во Сомбор на 12 септември.

„Го користам убавото време за да ги наполнам батериите пред да почнат многуте деловни обврски што ме чекаат наесен. Езерото е преубаво, а целиот регион е заштитен со закон. Околината е позната по многуте гнезда со штркови. Имам чувство дека сум во бајка“, рече пејачката.

Таа неодамна го сними спотот за песната „Одиме силно“, а неговата премиера ќе биде по концертот во Сомбор.