Најнови Вести

СКОПЈЕ ГЛАВНО ЗА РЕГРУТИРАНИ БОРЦИ НА ИСИС?!

Долгорочна и таргетирана радикализација, регрутација и напори за мобилизација од екстремистички мрежи финансирани од странство веќе петнаесет години оперираат на северот на Косово и северозападот на Македонија – алармира американскиот Институт за мир, во најновиот специјален извештај.
 2424fe926bcf2ec7ce5fd559b31c2fd9_l
-Стапката на мобилизација во споредба со бројот на населението, посебно во Косово но и во Босна и Херцеговина и Македонија, се мошне повисоки од стапките во западноевропските земји кои се под влијание на феноменот… Скопје, главниот град на Македонија кој е во близина на Косово, е една од првите пет локации во светот по бројот и пропорцијата на странски борци за Исламска Држава по глава на жител, според неодамнешна студија базирана на обелоденети документи од почетокот на 2016 година – стои во извештајот на Вашингтон.
Според него, пет општини, од кои четири се во близина на Македонската граница со Косови, се посебно ранливи од насилен екстремизам. Мрежите често се предводени од локални кадри на религисти институции од блискиот исток инволвирани во ширење на ултра-конзаервативна форма на Ислам, измешан со политичка агенда.
Во поглед на причините, извештајот меѓу другото нотира дека „голем број од познатите борци од регионот имаат просечно или неодоволно формално образование“.