Студените раце на Заев

Ви пренесуваме дел од колумната на Биљана Секуловска за НОВА:

biljana-sekulovska

Ситуацијата е јасна- сите овие таканаречени патриоти кои се величаат од перата на нивните идеолози, не постојат, затоа што се измислени. Во лабораторијата на Груевски тие се изданок, мал и -непромислен, тоа да, но во основа валкан и безочен експеримент. Тој ќе исчезне и ќе се растопи во оној момент, кога нивниот татко, Груевски, ќе добие доволно време и гаранции дека чојата на преговарачката маса е испеглана и време е да седне на неа додека не ја стегне раката со Заев и двајцата, не само тој, не се согласат на компромис.

 

Да не заборавиме, и кон Милошевиќ беа пружани раце, од неговите течеа капки пот, премрзнати беа оние кои му пружаа рака, но, времето ги прегазуваше, ги следуваше, мораа понатаму. Замрзнати беа рацете од другата страна, тој се стресуваше, но сепак се пружаа тие студени раце кон него, очајни беа за ставање крај на агонијата, ќе стореа се, дури и да му пружат рака полна со мраз. Давани се гаранции, ставани се потписи, неговите раце понекогаш застануваа и на градите, кон срцето, колку подраматично, толку повеќе испратени со потсмешлив поглед од другата страна.

Во тој момент, тоа беше единствен начин, решение, излез, се мразеа самите себеси, но кога мораше, студените раце на Милошевиќ му се пружаа. За среќа, се се менува и никој повеќе не се ни сеќава какви тоа гаранции добивале политичарите за своите судбини. Особено не се сеќаваат оние кои им ги давале тие великодушни гаранции, за што Милошевиќ и најмногу липаше оние денови, во затворската ќелија, кога немаше кој да му потврди дека воопшто и му ги пружиле студените раце, само да дојде до компромис, да заврши се, за да заврши тој.

Целата колумна на НОВА на следниот линк.

loading...