Балкан

Цеца и Брена погодени од коронакризата , побарале 250 евра државна помош

И српските естрадни sвезди решија да ја искористат финансиската помош што ја дава државата заради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, која изнесува 750 евра за три месеци по вработен.

Македонија

Заболени
11,942
+103
Мртви
528
+1
Излечени
8,087
Активни
3,327
Last updated: 11/08/2020 - 02:26 (+02:00)

На почетокот на пандемијата, Србија реши да им исплати 250 евра на малите и средни претпријатија на три рати, за април, мај и јуни, со цел полесно да ја издржат финансиската криза заради воведените мерки.

Оваа привилегија ја искористија многу пејачи, односно сите оние кои имаат регистрирано компании на нивно име.

На списокот на оние што добиле пари од државата спаѓаат Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, Владо Георгиев, Саша Поповиќ, „Гранд“, Лепа Брена, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џехверовиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, Драган Којиќ Кеба.

Цеца побарала од државата да исплати минимална плата за петмина вработени. Тоа се 1250 евра месечно, или 3750 за целиот период.

На 16 април, Неда Украден отворила банкарска сметка со специјална намена преку која државата трипати и платила по 250 евра. Истото го сториле Драган Којиќ Кеба, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ и Теодора Џехеровиќ.

Лепа Брена добила помош од 5.250 евра, бидејќи во киоскот за хамбургери ,,Биг Рори’ има седуммина вработени, вклучувајќи се и себеси како сопственик.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker