Search
среда 20 септември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Влатко Васиљ: Станав соработник на новиот режим, пардон на новата власт

loading...

Го поминав поголемиот дел од последните десет години во критика на она што сметам дека не беше нормална власт туку систематски организирана, репресивна диктатура која за единствена цел имаше лично богатење. Позицијата на критичар не си ја доделив сам, ниту пак некој ми ја даде. Социјалните мрежи се место каде секој може да каже што мисли. Јас го искористив тоа свое право. Очигледно, она што сум имал да го кажам, резонирало со многу други граѓани кои во моите твитови и статуси гледаа слични ставови, кои најчесто не беа ништо повеќе отколку барање разум и свест во ситуации на општествено лудило.

Можев да бидам себичен и да изберам да останам критичар на социјалните медиуми и да го задржам своето конто како постојан критичар. А можев и да го изберам моето знаење, стручност и познавање на новите медиуми и истото да го применам на дело и да помогнам токму онаму каде бев критичен. Мојот стремеж е да бидам промената за која се борев и промента која сакам да ја видам. Си го должам тоа себеси и на сите оние кои ме знаат и познаваат. Затоа се решив да ја прифатам понудата на новата власт и да бидам соработник и дел од тимот задолжен за комуникации со социјални медиуми и дигитална транспарентност. Цврсто сум убеден дека оваа одлука е вистинска и дека јавноста ќе се увери многу бргу во исправноста на истата, односно дека навистина може да се работи во служба на граѓаните и тоа да се прави многу подобро, поквалитетно и потранспарентно.

И тука не станува збор само за мене, туку и за сите оние како мене кои несебично, гласно и храбро се бореа за шансата да имаме демократско општество во кое слободно ќе живееме. Сите тие луѓе не треба да бидат во државните институции затоа што заслужуваат да бидат таму, туку затоа што институциите ги заслужуваат тие луѓе.

Воден од моите принципи на чесност, искреност и скромност, верувам во себе и во заложбата на идејата – Македонија навистина да биде убаво место за живеење. Борбата за подобро продолжува!

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции

Коментирај

loading...