Search
вторник 21 ноември 2017
  • :
  • :

ЖЕНИТЕ НА ТИТО БЕЗ ЦЕНЗУРА: Сакал женети, неженети, а имал и симпатии!

Во првите години од владеењето на Тито, строго се казнувало ако некој напишал за неговите венчани и невенчани жени, љубовници и платонски симпатии

Во првите години од владеењето на Јосип Броз Тито па се до првата половина на педесетите, строго се казнувало ако некој се осмелил да напише било што за неговите венчани и невенчани жени, љубовници и платонски симпатии.

Првата жена на Јосип Броз била преубавата русинка Пелагија Бјелоусова со која се венчал на Сибир 1921 и со неа потоа се вратил у Хрватска, во Велико Тројство кај Бјеловар каде работел во млин. Нивните првородени деца, ќерката Златица и синот Хинко, починале уште како деца и денес се погребани во селските гробишта. Подоцна, го добиле синот Жарко кој израснал во Москва.

Пелагија Бјелоусова по разводот со Јосип Броз се премажила за русин и од него добила две деца.

Од објавените руски податоци се дознава дека Јосип Броз и вториот пат, на 13 октомври 1936 година се оженик на тлото на Советскиот Сојуз, но овој пат со германската комунистка Луција Бауер, со надимак Луси, на која исто така ова и било втор брак. Нејзин прв сопруг бил Ернст Бабр, иден министер за државна контрола во владата на ДДР. Оваа врска не траела ни година дена, со оглед на фактот дека Луси во октомври 1936 била уапсена под обвинение дека е шпион во служба на капиталистите и во декември 1937 била стрелана во озлогласениот московски затвор Лубјанка.

По враќањето во Загреб, каде го преземал водтвото на загребскиот комунистички огранок, Јосип Броз се оженил со моќната словенска евреинка Херта Хас, која ја запознал во Париз, и со неа во 1941 добил син Александар-Мишо. Причината за прекинот на маршалот Јосип Броз Тито и Херта Хас била неговата врска со својата секретарка, србинката Даворијанка Пауновиќ, со илегално име Зденка. Надалеку е позната снимката од 1944, на која Тито во пештерата на Дрвар диктира, а Зденка во партизанска униформа, на колена ги запишува неговите зборови.

Белодробно заболување ја прекинало оваа врска, кога набргу по Титовото устоличување во Белград, и покрај трудот на најдобрите лекари во Голник, Словенија, Даворијанка Пауновиќ и подлегнала на болеста. Колку на нејзиниот несуден маж му паднала тешко нејзината смрт, говори фактот дека таа била погребана во градината на Белиот двор.

Потоа следат неколку авантури со познати жени, најпрво со најпопуларната руска актерка Татјана Окуњевска која ја запознал во Москва. Веднаш го освоила маршалот на Југославија кој пак и нудел да се раздели од писателот Борис Горбатов.

Нудејќи и брак и говорејќи и како ја изгубил главата, а и дека не може да живее без неа, Тито со месеци и испраќал црни рози. Но Татјана, за која во круговите во Кремљ се говорело дека е љубовница на семоќниот шеф на советските служби за безбедност КГБ, Лаврентиј Бериј, успеала да одолее на Титовото додворување.

Кратка љубовна афера Тито имал и со грузиската атлетичарка, светскиот рекордер во фрлање диск Нина Думбаџе, на која советската спортска власт не и дозволувала премин во Белград. Потоа бил со првенката на њујоршката Метрополитан опера, загрепчанката Зинка Кунц Миланов. Преку оваа афера, таа направила крупен чекор за хрватската култура, бидејќи на нејзина молба бил поштеден од стрелање подоцна многу прочуениот хрватски диригент Ловро Матачиќ.

После неа Тито се оженил и четврти пат, овој пат со Јованка Будисавлевиќ. Се говорело дека нив ги зближил човек од најблискиот круг на доверба на Тито, Иван Крајачиќ – Стево, иако сега, се почесто се огласува 91 годишниот генерал, полицаец и допломат, Јово Капичиќ кој изнесува дека претходно он малку се забавувал со Јованка, кога таа како проверен мајор, била именувана за шеф на персонал во Белиот двор.

Познато е и дека четири години пред смртта, Тито се разделил од постелата со Јованка, а и дека во меѓувреме му биле припишувани наклоности спрема оперската дива, Гертруда Мунтиќ од Сплит (на кое таа одлучно негирала), како и со масреката Даријана Грбиќ.