Search
среда 20 септември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Живаљевиќ: Според некои информации, Игор Југ требало да го убие Заев во Собранието

loading...

Српскиот разузнавач кој на денот на упадот и насилството во Собрание, беше во македонскиот законодавен дом, Горан Живаљевиќ, во интервју за српската „Хепи“ телевизија рече дека според некои информации, Игор Југ кој беше дел од насилниците во Собранието, требало да го убие Зоран Заев.

Image result for игор југ

-На тие фотографии на кои тие луѓе влетуваат со маски и го тепаат Заев, има и човек со амблем на Хрватски вооружени сили, Игор Југ, и ако внимателно ја гледате снимката се гледа дека цело време ја држи раката зад грб. Според некои информации тоа е човек кој требало да го убие Зоран Заев. После таа почетна информација која ден два се задржа во медиумите, јас никогаш повеќе во медиумите не видов дали тој човек е уапсен, каде е. Сите служби во Македонија ги знаат имињата на десетте луѓе кои беа под маски, сеуште ги следам македонските медиуми, јас не гледам дека прашуваат кои се тие луѓе, кој ги држел на врска, вели Живаљевиќ.

Живаљевиќ додава дека со неговиот случај е прикриено и учеството на припадници на Агенцијата за разузнавање во собранието, и прашува како Синиша Алексовски одеднаш станал ненадлежен да биде известен за неговото присуство.

loading...